Hypericum Perforatum е билка уште позната и под народното име Жолт кантарион. Жолтиот кантарион со векови се користи како хербален лек. Се користи повеќе од илјадници години за лекување на исекотини, ожулувања и други видови на рани. Неговата корисност во намалувањето на воспалението е добро позната, и се чини дека е поврзана, барем делумно, со неговата способност да служи како антибактериски агенс. Неодамнешните истражувања, исто така, покажуваат дека е корисен и во борбата против вирусите. Екстрактите од жолт кантарион долго време се сметаат за ефикасни против различни класи на вируси. Истражувањата покажуваат дека флавоноидни и катехиновите фракции на жолтиот кантарион се активни против вирусот грип. Жолтиот кантарион се одгледува комерцијално за употреба во билкарството и традиционалната медицина. Жолтиот кантарион во медицината се употребува како антибиотик, аналгетик, анестетик, седатив, релаксант, антидепресив , го засилува имунитетот. Има благотворно влијание врз сите внатрешни органи (црн дроб, жолчка, стомак, бубрези, уринарни патишта, ендокрини жлезди и др). Ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфниот проток. Лесен антидепресив, помага при депресија, нервози, несоница. Се користи како компрес за заздравување на рани, убоди од инсекти, изгореници и кожни заболувања. Неодамнешните истражувања укажуваат на ефикасноста на оваа билка во лекувањето на други заболувања, вклучувајќи рак, нарушувања поврзани со воспаленија и бактериски и вирусни болести и се смета за антиоксидантно и невропротективно средство.
Капките од тетра екстракт од Жолт кантарион во МЦТ масло придонесуваат во поддршка на функцијата на цревата и дигестивниот систем. Придонесува во одржување на здравјето на респираторниот систем, позитивно расположение и нормален сон. Го поддржува здравјето на жолчката и здравјето на горниот уринарен тракт.