Бисерок – Тетра Екстракт во MCT масло

1,540.00 ден

Опис:

Капките од тетра екстракт од Алхемила Вулгарис  во МЦТ масло придонесуваат за одржување на нормалниот ментсруален циклус. Придонесуваат и за одржување на здравјето на зглобовите и мускулите.

ОПИС

Тетра Екстрактите се добиваат со континуиран и сложен процес на тетра екстракциска технологија на еден вид материјал, со што се постигнува вистинскиот целосен спектар на природни супстанции. Квалитативната разлика е во сензорните својства, во поширокиот спектар на активни состојки (фитонутриенти, терпени, флавоноиди, етерични масла, восоци итн.), и значително повисока концентрација на активни состојки.

Дозирање

3 пати дневно по 3 капки под јазик

Alchemilla Vulgaris или Бисерок е уште позната и под народното име женска наметка или женска билка. Листовите на оваа билка наликуваат на женска наметка, затоа е  многу уникатно растение кое лесно се идентификува. Бисерокот е чудотворен лек за жените. Во Западна Европа, бисерокот го сметале за волшебна трева. Алхемичарите во средниот век го користеле собирањето роса од листовите на бисерокот позната како “небесна роса”, со помош на која тие се обидувале  да го најдат “каменот на мудроста” – оттука и потеклото на латинското име за бисерокот “Алхемила”.

Познато е дека листовите и цвекињата на бисерокот содржат:

  • флавоноиди – биолошки активни супстанции кои имаат антиоксидантни, антиинфламаторни, вазодилататорни и детоксифицирачки ефекти;
  • κатехини – најсилните природни антиоксиданти кои ги уништуваат слободните радикали кои имаат антибактериски и антивоспалителни својства. Тие ја зголемуваат еластичноста и јачината на капиларните ѕидови, ја регулираат нивната пропустливост, апсорбираат вишок холестерол и помагаат во забрзување на метаболизмот;
  • органски киселини – одржување на рамнотежата на киселинските бактерии на телото, зголемување на секрецијата на дигестивните сокови, нормализирање на метаболизмот и спречување на распаѓање, ферментација и репродукција на патогени бактерии во цревата;
  • τанини – поседуваат адстрингентни, хемостатични, антибактериски и антиинфламаторни својства;
  • Витамин Ц – го регулира метаболизмот, неговото присуство е неопходно за нормално функционирање на имунолошкиот систем и дигестивниот систем;
  • горчливи состојки – го стимулира производството на жолчен и желудочен сок, го олеснува варењето.

Бисерокот содржи уште липиди, лигнин,  фенол карбоксилни киселини, полифеноли, кумарини.

Вкусот е горчлив, стегачки, мирисот е малку балсамичен.

Бисерокот има антисептично, адстрингентно дејство, заздравува рани, тонизира,запира крварења, се користи за искашлување, има диуретични својства.

Бисерокот се користи во медицината благодарение на неговите медицински својства како:   адстрингентно средство за лекување на рани, за секаков вид на  крвавења, да се подобри метаболизмот , како диуретик, при третман на дијареа, во менопауза и тешки месечни циклуси, за вагинални инфекции, при  респираторни болести како експекторант, за чистење на кожата, ослободување од акни, во случај на болести на црниот дроб, бубрезите и стомачни чиреви, за да се намали холестеролот во крвта , во случај на анемија, кај хемороиди, кај главоболки и мигрена, кај дијабет.

Бисерокот се користи во козметологијата благодарение на неговите адстрингентни  лековити својства како:  oбезбедува брзо заздравување и затегнување на раните, со бисерокот се третираат фистули  и акни, ја чисти кожата, ги отстранува вишокот маснотии. Ја одржува чистината на нормалната кожа и и дава антисептична заштита. Ги избелува темните дамки и пеги и  ги лечи  брадавиците. Совршен е за проблематична  кожа.

 Капките од тетра екстракт од Алхемила Вулгарис  во МЦТ масло придонесуваат за одржување на нормалниот ментсруален циклус. Придонесуваат и за одржување на здравјето на зглобовите и мускулите.

Напомена

Да се чува надвор од дофат на деца. Да не се надминува препорачаниот дневен внес на производот. Имајте на ум дека земате концентриран билен препарат.Овој производ не е наменет за лекување на било која болест. Изјавите кои се однесуваат на овој производ не имплицираат дека производот има медицински својства. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за секојдневната разновидна исхрана. Во случај на бременост, доење, земање на терапија со лекови и медицински надзор препорачуваме консултација на лекар пред употреба на било кои производ како додаток на исхраната. Во случај на појава на несакани реакции прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар.