Humulus lupulus е билка уште позната и под народното име Хмељ или обичен хмељ.
Хмељот е главна состојка на пивото но покрај неговата употреба во пиварската индустрија се користи и од страна на билкарите и фармацефтите поради своите релаксирачки и лековити својства.
Хмељот долго време се смета за хербален лек за срес, несоница и дигестивни нарушувања. Бидејки има антимикробно, антиспазмодично и диуретично дејство се користи за ублажување на болка. Хмељот промовира мирен и здрав сон. Дејствува на нервниот систем и се препорачува за нервно напрегнување. Придонесува за одржување на нормално варење, менопаузален комфорт и одржување на природните нивоа на холестерол во крвта. Хмељот има антиоксидантни, седативни, антиинфламаторни и аналгетски својства. Екстрактот од хмељ има антимикробно дејство и се користи при производство на природни дезодоранси.
Капките од тетра екстракт од Humulus Lupulus во МЦТ масло придонесуваат во одржување на нормален сон, ја подржува нормалнат функција на цревата и дигестивното здравје, придонесува во одржувањето на чувството на удобност при менопауза, придонесува во одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта. Придонесува во одржување на нормалната функција на нервниот систем и има антиоксидативни својства.