ORIGANUM VULGARE е билка позната по името ОРИГАНО. Ориганото е диво медитеранско растение кое се смета за едно од најлековитите во светот и најсилниот природен антибиотик. Ориганото е кулинарска билка, која се користи за вкусот на нејзините листови, која може да биде поинтензивна кога се суши отколку свежа. Има земен, топол и малку горчлив вкус, кој може да варира по интензитет. Покрај неговата употреба во кулинарството, маслото од оригано се користи во народната медицина со векови.
Ориганото е природен антибиотик и неговата употреба во медицината е од многу широк спектар. Маслото од оригано е богато со антиоксиданси и го зајакнува имунитетот. Ориганото се смета за најефикасен природен антибиотик, делува против сите видови на габични инфекции, се користи против повраќање, дијареа, треска и кожни проблеми. Лек е за ранички на кожата, осип, убод од инсекти и брадавици. Има антитоксични својства. Ориганото поседува и антивоспалителни својства кои поволно делуваат при хронични воспаленија, артритис, главоболка и болки во мускулите. Ориганото е во состојба ја нормализира бактериската средина во цревата, така што го може да го ослободи организамот од паразити па дури и од рак. Ориганото е богато со значајни хранливи материи како што се: Витамин Е и витамин К, магнезиум, железо, калциум, калиум и манган. Присуството на витамини како и калциумот се неопходни за одржување на нормалното здравје на коските и забите.
Капките од тетра екстракт од ORIGANUM VULGARE во МЦТ масло придонесуваат за одржување на здравјето на: горните дишни патишта и респираторниот тракт, поволно делува при настинки и инфекции во грлото и устата, придонесува за одржување на здравјето на црниот дроб, дигестивниот систем, кардиоваскуларното и менталното здравје. Придонесува за одржување на нормалната функција на млечните жлезди (лактација).