Невен- Тетра Екстракт во MCT масло

1,540.00 ден

Опис:

Капките од тетра екстракт од Невен во МЦТ масло придонесуваат во одржување на респираторното здравје. Придонесува во одржување на нормалната функција на црниот дроб.

ОПИС

Тетра Екстрактите се добиваат со континуиран и сложен процес на тетра екстракциска технологија на еден вид материјал, со што се постигнува вистинскиот целосен спектар на природни супстанции. Квалитативната разлика е во сензорните својства, во поширокиот спектар на активни состојки (фитонутриенти, терпени, флавоноиди, етерични масла, восоци итн.), и значително повисока концентрација на активни состојки.

Дозирање

3 пати дневно по 3 капки под јазик

Calendula Officinalis е билка уште позната и под името Невен. Невенот има многу широка примена. Се употребува како чај, како додаток во салати и други јадења. Во козметиката се користи за надворешна употреба, во облик на масло, масти, облоги или чаеви за плакнење. Листовите се богати со значајна количина на витамините А и Ц и минерали и по состав се слични со глуварчето.

Употреба на невенот во народната медицина

Невенот повеќе се користи во народната медицина отколку во современата медицина. Се препорачува за чистење и плакнење на рани, чирeви и изгореници. Се користи и за лечење на желудникот, проблем со црева и жолчно кесе. Невеновиот крем се користи за надворешна употреба кај рани, чиреви, осипи и отечени жлезди. Облогите од топол невенов чај го подобрува видот. Спрема литературата на руската народна медицина, чајот од цветот на невен се користи кај крвавење од материца и за болести на црниот дробслезината, проблеми со желудникот и рахитис.

Лековито дејство на Невенот

Невенот делува антисептично и антибактериски и е многу ефикасен против различни воспаленија, габични инфекции. Корисен е за отстранување на отрови кои прават различни хронични инфекциитрески, кожни болести како што се егземи и акни. Добар е како средство за смирување на грчеви, против астмакашлицатахикардија и несоница. Од одамна во народната медицина се користи за залечување на рани, убоди од инсекти, чиреви, брадавици, волчи очи и др. Ладен чај од невен се употребува за плакнење на очи при конјунктивит или после вадење на заб. Поради благите естрогенски дејства се користи за воспоставување на редовен менструален циклус и намалување на менструалните болки кај младите девојки или кај жени во климакс.

Невенот има изразен антитумор ефект и противвоспалителен ефект. Го зајакнува видот. Поволно делува при воспаленија во дигестивниот тракт. Помага при нередовна и болна менструација. Ја подржува работата на црниот дроб, жолчниот меур, бубрезите и ја подобрува срцевата функција. Се користи како компрес за заздравување на рани, изгореници, плускавци, алергии при убод од инсекти, црвенило од пелени кај бебинјата и воспаленија на

Капките од тетра екстракт од Невен во МЦТ масло придонесуваат во одржување на респираторното здравје. Придонесува во одржување на нормалната функција на црниот дроб.

Напомена

Да се чува надвор од дофат на деца. Да не се надминува препорачаниот дневен внес на производот. Имајте на ум дека земате концентриран билен препарат.Овој производ не е наменет за лекување на било која болест. Изјавите кои се однесуваат на овој производ не имплицираат дека производот има медицински својства. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за секојдневната разновидна исхрана. Во случај на бременост, доење, земање на терапија со лекови и медицински надзор препорачуваме консултација на лекар пред употреба на било кои производ како додаток на исхраната. Во случај на појава на несакани реакции прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар.