Daucus Sativa – Radix или Морков е вид зеленчуково растение од родот Морков (Daucus). Содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антибиотско дејство. Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен во текот на целата година. Денес, постојат моркови со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др. Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот.
Морковот содржи многу корисни и лековити состојки. Морковот има изразено атибиотско својство кој во себе содржи многу витамини и минерали а поради антиоксидативното својство многу поволно делува на организмот. Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки:
- бета-каротин
- растителни влакна
- витамин Ц
- витамин А
- витамин Б
- витамин Д
- витамин ПП
- железо
- глутамин
- калиум
- калциум
- калциум-пектат
- каротеноиди
- ксантофили
- ликопен
- натриум
- пектин
- јаглехидрати
- фосфор
- цинк
- етерични масла
Морковот ја зголемува природната одбранбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.
Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања:
- слабокрвност (анемија),
- болести на забите,
- болести на срцето и крвните садови,
- гојазност,
- киселини во желудникот,
- губиток на апетит,
- депресија и стрес,
- детски глисти,
- кожни заболувања (дерматит, екцем),
- за подобрување на видот,
- за побрзо зараснување на раните,
- за подобро согорување на мастите во организмот,
- при имунодефициенција,
- за јакнење на ноктите,
- при кокошкино слепило,
- при макуларна дегенерација,
- кај заболувања на бубрегот,
- за одржување на мозочните функции,
- при изгореници,
- при остеопороза,
- за намалување на заморот,
- при покачена телесна температура,
- при зголемен холестерол,
- при настинка и грип,
- при проблеми со косата,
- против кашлица (сок од морков),
- за регулирање на варењето на храната и запекот,
- за регулирање на крвниот притисок,
- за одржување на нормална телесна тежина,
- за регулирање на метаболизмот,
- за превенција на злоќудни заболувања,
- за воспаление на крајниците и гласните жици,
- против целулит,
- кај шеќерната болест,
- при мозочен удар.
Капките од тетра екстракт од Daucus Sativa – Radix или Морков во МЦТ масло имаат антиоксидантно дејство. Каротеноидите на морковот се трансформираат во витамин А во црниот дроб, содржат антиоксиданти и се дел од фото-сензитивниот ретински пигмент.