Matricaria Chamomilla уште позната и под името Камилица е една од најпопуларните билки во светот. Има пријатен мирис, деликатен вкус и долга историја на лековита употреба. Нејзината употреба како лековита билка датира од античко време. Камилицата се користела како хербален лек за третирање на гинеколошки проблеми како менструални грчеви и нарушувања на спиењето поврзани со предменструалниот синдром. Камилица се користи во билната медицина. Може да се земе како билен чај. Таа е составен дел на многу креми за лице и тело, шампони, пасти за заби и др. Современите научници ја класифицираат Камилицата како “ѕвезда меѓу лековитите видови”. Повеќе од 120 хемиски активни компоненти се идентификувани во цветот на камилицата како секундарни метаболити, вклучувајќи 28 терпеноиди, 36 флавоноиди, и 52 дополнителни соединенија со потенцијална фармаколошка активност. За камилицата е откриено дека содржи прилично силни спазмолички и анти-воспалителни состојки и е особено ефикасна за лекување на стомачни и цревни грчеви. Најмногу е позната по нејзината употреба против гастроинтестинални проблеми го ослободува телото од отровни супстанции и има антивоспалителни ефекти. Помага при бронхитис, астма, настинка и грип, инфекции на дигестивниот тракт, чиреви на стомакот, бубрежно воспаление и жолтица. Камилицата помага при несоница, мигрена и вртоглавица, допринесува за нормален сон. Дополнително се користи во лекувањето при иритација на кожата , егзема, алергии и дерматитис. Камилицата во медицината се употребува како антиалерген, релаксант, седатив, аналгетик, антиреуматик и засилувач на имуниот систем.
Капките од тетра екстракт од Камилица во МЦТ масло придонесуваат во одржување на нормалната дигестија и нормален метаболизам. Придонесува за оптимална релаксација и здрав сон. Го подржува имуниот систем и респираторното здравје. Има природни и антиоксидативни својства.